Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 7:1-14

Проповедник 7:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден – од родениот ден. Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое. Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро. На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во куќа, каде што се веселат. Подобро е да слушаш прекор од му­дар, отколку да слушаш пофалби од глупав; зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета! Угнетувањето на другите го прави мудриот безумен, а подароците го расипуваат срцето. Крајот на една работа е подобар од нејзиниот почеток; трпеливиот е подобар од горделивиот. Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот се крие во срцето на без­умните. Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа. Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето, зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството на знаењето е во тоа, што муд­роста му дава живот на оној, што ја има. Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво? Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него.

Проповедник 7:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето. Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост, отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето. Подобар е јадот отколку смеата, зашто срцето е радосно зад жалосно лице. Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба. Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните. Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета. Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето. Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста. Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот. Не прашувај зошто некогашните времиња биле подобри од овие, зашто тоа не е мудро прашање. Мудроста е како скапоцено наследство и полезна е за оние врз кои свети сонцето. Бидејќи како што се сребрениците заштита, така е и мудроста; но предноста на знаењето е дека мудроста дава живот на оној што ја има. Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил? Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина.