Кој копа јама, паѓа во неа; кој разурнува ѕид, змија го каснува. Кој крши камења, тоа го повредува; кој цепи дрва, може да настрада. Кога ќе се затапи железото и неговата острица не е наострена, тогаш треба повеќе сила; а успехот е награда на мудроста. Ако змијата касне пред вражањето, тогаш вражачот ништо не користи. Полни се со благодат зборовите од устата на мудрецот, а безумникот го упропастуваат неговите усни. Тој ги почнува своите беседи со лудост и ги завршува со целосно безумство. Лудакот зборува премногу: човекот не ја знае иднината, и кој може да му каже што ќе биде после него? Лудите ги мори нивниот труд; зашто тие не знаат да отидат ни во градот.
Прочитај ПРОПОВЕДНИК 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПРОПОВЕДНИК 10:8-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа