Имено, сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично, за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа, во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето. А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови. Зашто, иако сум отсутен во телото, во духот сум со вас; и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа. И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.
Прочитај КОЛОСЈАНИТЕ 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: КОЛОСЈАНИТЕ 2:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа