Лого на YouVersion
Икона за пребарување

КОЛОСЈАНИТЕ 2

2
1Имено, сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично, 2за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа, 3во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето. 4А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови. 5Зашто, иако сум отсутен во телото, во духот сум со вас; и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа. 6И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: 7вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста. 8Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа. 9Зашто во Него живее сета полнота на Божеството, 10и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт. 11Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа: 12откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. 13Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи; 14на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст; 15и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.
16И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи. 17Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос. 18Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служба на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, дуејќи се напразно со својот телесен ум, 19а не се држи за Главата, од Која целото Тело, поврзано и помогнато со зглобовите и врските, расте со растење, кое го дава Бог.
20И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов: 21“Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!“ 22сѐ што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења; 23сѐ ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.

Селектирано:

КОЛОСЈАНИТЕ 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност