Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 24:1-9

ДЕЛА 24:1-9 MKB

А по пет дена првосвештеникот Ананиј слезе со неколку старешини и со некој си говорник Тертил, и истапија пред управителот против Павла. И кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи: “Голем мир уживаме благодарејќи тебе и со твојата грижливост многу нешта се поправија во народов; тоа, ние, честити Феликсе, со секаква благодарност го признаваме на секој начин и на секое место; но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата благост. Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта. И се обиде да го оскверни и Храмот, и ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон, но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце, и заповеда неговите обвинители да дојдат при тебе. Ако го испиташ самиот, ќе можеш да узнаеш од него, сѐ за што ние го обвинуваме.“ А Јудејците потврдија дека е така.