Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ТИМОТЕЈА 3:1-9

2 ТИМОТЕЈА 3:1-9 MKB

А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! Зашто од нив се оние кои се вовлекуваат во куќите и ги измамуваат простите жени натоварени со гревови, кои се водени од различни страсти, кои учат секогаш, а никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината. И како што Јаниј и Јамвриј му се спротивија на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината, луѓе со изопачен ум, отфрлени во обѕир на верата. Но нема да напредуваат веќе, зашто нивното безумие ќе се открие пред сите, како што се откри и на оние двајца.