А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел. И мнозина ќе тргнат по нивната разузданост, заради кои ќе се хули патот на вистината. И во лакомство ќе ве искористуваат со измислени зборови, но нивното осудување е одамна готово и нивната гибел не дреме. Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите, кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за судот; и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет; ако ги осуди на пропаст градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници; и ако го избави праведниот Лот, кого го мачеше развратниот живот на беззакониците, - зашто овој праведник, живеејќи меѓу нив, ја измачуваше одден-наден својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги нивните беззаконски дела, - тоа значи дека Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, а неправедните да ги запази за казнување до денот на судот; а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата, додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.
Прочитај 2 ПЕТРОВО 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 ПЕТРОВО 2:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа