Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 ЦАРЕВИ 24:8-12

2 ЦАРЕВИ 24:8-12 MKB

На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му ѝ беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сѐ како што правеше и неговиот татко. Во она време тргнаа луѓето на вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим, и градот беше опколен. Дојде и вавилонскиот цар Навуходоносор за да го нападне градот, додека неговите луѓе го опсадуваа. Тогаш јудејскиот цар Јоахин излезе пред вавилонскиот цар: тој, неговата мајка, неговите слуги, неговите војсководачи и дворјаниците, а вавилонскиот цар го зароби. Тоа беше во осмата година на Навуходоносоровото царување.