Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 24:8-12 - Compare All Versions

2 Царевите 24:8-12 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Јехониј беше на осумнаесет години кога стана цар, и царуваше три месеци во Ерусалим; мајка му се викаше Не­хушта, ќерка на Елнатан, од Ерусалим. И тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака, како што тоа го правеше татко му. Во она време слугите на вавилонскиот цар Навуходоносор настапија кон Ерусалим, и градот беше опко­лен. Вавилонскиот цар Навуходоносор дојде до градот што слугите негови го опседнаа. Тогаш јудејскиот цар Јехониј отиде кај вавилонскиот цар – тој, и мајка му, и слугите негови, кнезовите негови, и дворјаните негови, – и го зароби вави­лонскиот цар во осмата година од царувањето свое

2 Царевите 24:8-12 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му ѝ беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сѐ како што правеше и неговиот татко. Во она време тргнаа луѓето на вавилонскиот цар Навуходоносор против Ерусалим, и градот беше опколен. Дојде и вавилонскиот цар Навуходоносор за да го нападне градот, додека неговите луѓе го опсадуваа. Тогаш јудејскиот цар Јоахин излезе пред вавилонскиот цар: тој, неговата мајка, неговите слуги, неговите војсководачи и дворјаниците, а вавилонскиот цар го зароби. Тоа беше во осмата година на Навуходоносоровото царување.