Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ПЕТРОВО 5:1-7

1 ПЕТРОВО 5:1-7 MKB

Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата, која ќе се открие: пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце; и не како да господарите над оние, кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото. И кога ќе се појави Надпастирот, ќе примите круна на слава, што не вене. Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.