Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 3

3
Исус – Поглавар свештенички.
1Потоа ми го покажа тој Исуса, Големиот архиереј, Кој стоеше пред ангелот Господен, и сатаната, кој стоеше од Неговата десна страна, за да Му се противставува.
2И му рече Господ на сатаната: »Господ да те укори, Господ да ти забрани, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Он гламја истргната од оган?«
3А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот,
4кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: »Соблечете ја од него извалканата облека; и нему лично: ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во торжествена облека.«
5Потоа рече: »Ставете Му на главата чист кидар« и – Му ставија на главата чист кидар и го облекоа во торжествена облека. А ангелот Господен стоеше.
6И ангелот Господен, сведочејќи, му рече на Исуса:
7вака вели Господ Саваот: »Ако одиш по патиштата Мои и ако бидеш Моја стража, ќе му судиш на Мојот дом и ќе ги вардиш дворовите Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.
8Но, послушај, Исусе, голем архиереју, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, оти тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга – Зачетникот.
9Оти, ете, тој е каменот што го поставуавам пред Исуса, на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе го изделкам на него ликот негов, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.«
10Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.

Селектирано:

Захарија 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност