Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 2

2
Човек со мерно јаже. Радост поради враќањето од Вавилон.
1И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
2Го прашав каде ќе одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.
3Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет,
4и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек – Ерусалим ќе се насели по селата поради многуте луѓе и добиток во него.
5И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и ќе се прославам во него.
6Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ќе ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ.
7Спасувај се Сионе, ти што живееш при ќерката Вавилонова.
8Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: »зашто кој ќе се допре до вас, ќе се допре до зеницата на окото Мое.
9И, ете, Јас ќе ја кренам раката Своја против нив, и тие ќе станат плен на слугите свои.« Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил.
10»Ликувај и весели се, ќерко Сионова, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе се населам во тебе«, вели Господ.
11И ќе се приберат многу народи при Господа во оној ден и ќе станат Негов народ. И Он ќе се насели меѓу тебе, и тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме пратил при тебе.
12Тогаш Господ ќе го земе во владение Јуда, Својот дел на светата земја, и пак ќе го избере Ерусалим.
13Нека молчи секоја плот пред лицето на Господа, зашто Он стана во облаците од Своето свето живеалиште.

Селектирано:

Захарија 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност