Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 2

2
Копнеж по пријателот.
Возљубената:
1Јас сум саронски нарцис, долински крин!
Возљубениот:
2Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.
Возљубената:
3Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Посакав сенка нејзина, и седнав; плодовите нејзини се слатки за грлото мое.
4Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.
5Поткрепете ме со сочни гроздови, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.
6Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
Возљубениот:
7Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Возљубената:
8Гласот на мојот возљубен, еве, го: доаѓа, скока преку фиданките по горите, прескокнува преку ридовите.
9Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката.
10Мојот возљубен се огаси и ми рече: »Стани, мила моја, убавице моја, дојди!
11Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,
12цвеќиња се појавија по земјата; настана време за кроење лози, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша;
13смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
14Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е ѕвонлив, и лицето ти е прекрасно.
15Фатете ни ги лисиците, лисичињата, оти тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.«
16Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум – негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.
17Додека денот не измине и сенките ги снема, врати се, мил мој, и биди како срна, како млад елен, по горите што не разделуваат.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност