Песна над песните 1
MK1990

Песна над песните 1

1
Љубов меѓу пријател и пријателка.
Возљубената:
1Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.
2Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.
3Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од вино. Навистина те сакаат!
4Ќерки ерусалимски, црна сум но сепак сум убава како шаторите кидарски, како Соломоновите завеси.
5Не гладајте ме оти сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ѝ се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував.
6Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?
Хорот:
7Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
Возљубениот:
8Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.
9Прекрасни се твоите образи под обетките, вратот твој – со ѓерданите;
10Ќе ти направам златни обетки со сребрени топчиња.
Возљубената:
11Додека царот беше крај трпезата, народот мој го испушташе својот пријатен мирис.
12Смирнова китка е мојот возљубен: стои меѓу градите мои.
13Мојот возљубен ми е како кипарисов грозд во Енгедските лозја.
Возљубениот:
14О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови.
Возљубената:
15О, убав си, мил мој, прекрасен си! И постелата наша се зеленее.
Возљубениот:
16Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши – кипариси.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2017
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2017

Дознај повеќе за Свето Писмо (Гаврилова) 1990