Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудри Соломонови Изреки 31

31
Мајчина поука на еден цар.
1Зборовите на царот Лемуил, со кои го поучила неговата мајка.
2Што, што сине на утробата моја? Тебе ти говорам, сине мој, првенец, чедо на моите молитви.
3Не им го давај на жени татковството свое, ниту патиштата на оние од нив, кои цареви погубуваат. Светувај се пред на направиш нешто.
4Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кнезови – сикер,
5за да не го заборават, откако ќе се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените.
6Дајте му сикре на оној што е ожалостен; вино нека пијат оние што се болни.
7нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веќе болките свои.
8Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда.
9Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
10Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења.
11Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка;
12таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
13Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
14Таа е како трговски кораб, – оддалеку си донесува храна.
15Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
16Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
17Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.
18Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
19Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
20Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
21Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
22Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека.
23Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
24Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците.
25Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
26Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
27Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
28Стануваат децата и ја ублажуваат, – мажот, и тој ја фали:
29»многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.«
30Миловидноста е примамлива и убавината – суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба.
31Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти!

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност