Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 3

3
Гревовите на градот Ниневија.
1Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.
2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли.
3Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На труповите им нема крај; и се сопнуваат од нив.
4Тоа сето е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој продава народи, а со магиите – племиња.
5Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата – срамотиите твои.
6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за приказ.
7И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: »Разурната е Ниневија! Кој ќе сака да ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?«
8Зар не си подобра од Но – Амона, кој лежи меѓу реки, опколен со вода, чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.
9Етиопија и Египет со безбројно множество луѓе ти служеа како поткрепа; а тие ти идеа на помош со Коптите и Ливијците.
10Но и тој е раселен, отиде во ропство; дури и децата му се здробени – по сите градски крстосници; а за првенците му фрлија жреб, и сите големци се во вериги оковани.
11И ти така ќе се опиеш и ќе криеш; и ќе бараш заклон од непријателите свои.
12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.
13Ете, и народот твој во тебе се како жени: на непријателите твои ширум ќе им се отворат портите на земјата, и оган ќе ги проголта твоите резиња.
14Зафати си вода за опсадата; зацврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи ја печката за печење тули.
15Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци.
16Трговците при тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како скакулци ќе се распрскаат и ќе одлетаат.
17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите – како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде биле.
18Спијат твоите пастири, царе асирски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да ги прибере.
19Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе ракоплескаат, зашто врз кого ли не си ја протегнал твојата постојана злоба.

Селектирано:

Наум 3: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност