Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јона 1

1
Господ го повикува Јона и го казнува поради непослушност.
1И би словото Господово до Јона, синот Аматиев:
2»Стани и оди во Ниневија, град голем, и проповедај во него, зашто неговите лоши дела стигнаа до Мене.«
3А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јопа, каде што најде кораб што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега со него во Тарсис од лицето Господово.
4Но Господ подигна силен ветар на морето, и настана голема бура, така што коработ за малку ќе се разбиеше.
5Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од коработ да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на коработ, легнал и длабоко заспал.
6Тогаш дојде при него капетанот на коработ и му рече: »Што, ти спиеш! Стани и повикај кај твојот Бог. Можеби Бог ќе се сети на нас, и ние нема да загинеме.«
7Па си рекоа еден на друг: »Да фрлиме жреб и да видиме поради кого нѐ снајде оваа беда.« Фрлија жреб и жребот падна на Јона.
8Тогаш му рекоа: »Кажи ни заради што нѐ снајде оваа неволја? Со што се занимаваш, и од каде идеш? Каде е твојата земја и од кој народ си?«
9Тој им рече: »Јас сум Евреин, Го почитувам Господа Бога на небесата, Оној што ја создаде земјата и водата.«
10Тогаш луѓето се уплашија многу и му рекоа: »Зошто го направи ова?« Оти тие узнаа дека тој бега од лицето Господово, – како што тој сам им беше кажел.
11И му рекоа: »Што да направиме со тебе, та морето да стивне за нас?« Бидејќи морето се брануваше.
12Тогаш тој им рече: »Земете ме и фрлете ме в море, и морето за вас ќе стивне, оти знам дека поради мене се крена оваа бура.«
13Луѓето потоа се трудеа некако да се приближат до суво, но не можеа, бидејќи морето сѐ повеќе беснееше против нив.
14Тогаш повикаа кон Господа и рекоа: »Те молиме Господи, да не загинеме поради душата на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што ти е Тебе угодно.«
15Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бранува.
16Тогаш луѓето се уплашија многу од Господа, Му принесоа на Господа жртви и се заветуваа.

Селектирано:

Јона 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност