Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Авдиј 1

1
Видение.
1Вака му вели Господ на Едом: »Чув глас од Господа, известие е испратено меѓу народите: ‚Станете, да се кренеме во борба против овој народ!‘«
2Еве, те направив најмал меѓу народите, многу си презрен.
3Гордоста на твоето срце те измами, тебе, кој живееш меѓу камењата во пештери, во својот висок дом, и му велиш на своето срце: »Кој е тој што ќе ме собори на земја?«
4И да се кренеш високо како орел, да направиш гнездо, и оттаму ќе те сметнам; говори Господ.
5Крадци кога би дошле кај тебе, или ноќни разбојници, зар не би украле онолку колку што им треба? Берачи на грозје ако би те нападнале, зар не би оставиле нешто за доберување?
6Како беше пребран Исав, и како му ги зедоа сите негови сокриени работи!
7Сосема те опустошија; сите твои сојузници станаа против тебе, те измамија и они што јадат со тебе, стапица ќе ти стават, што не ќе ја забележиш.
8Во оној ден, вели Господ, ќе ги погубам мудрите во земјата Едомска и разумните во гората Исавова.
9И јунаците твои ќе се уплашат, Темане, за да се истребат сите од гората Исавова.
10Поради насилството и заради убиството, што му го направи на братот твој Јакова, со срам ќе бидеш покриен и ќе бидеш отфрлен засекогаш.
11Во оној ден кога ти беше од спротивната страна; во оној ден кога други ја водеа во ропство војската негова, и кога туѓинци влегуваа низ вратата негова и фрлаа жреб за Ерусалим, беше и ти како еден од нив.
12Не презирај го братот твој во денот, кога е во неволја од туѓинци, кога го водат во туѓа земја, ниту да се радуваш на синовите Јудини, кога тие пропаѓаат, а уште помалку да ја отвораш устата своја во денот на нивните страдања.
13Не влегувај низ вратата на Мојот народ во денот на неговата неволја, не насладувај се на нивното зло во денот на нивната погибел, и не земај од имотот нивни во денот на нивната пропаст.
14И не стој на нивните крстопати, за да ги убиваш оние што бегаат, нити да ги предаваш оние, што преживеале во денот на нивната неволја.
15Зашто денот Господен за сите народи е блузу: како си правел, така ќе ти се прави; отплатата ќе падне на твојата глава.
16Оти, како што пиевте на Мојата света гора вие, така ќе пијат вино сите народи, ќе се препиваат и ќе слегнат, и ќе бидат како никогаш да не биле.
17Но на гората Сион ќе биде спасението и ќе биде света, и домот на Јакова ќе го добие своето наследство.
18Домот на Јакова ќе биде оган, а домот на Јосифа пламен, додека домот на Исава стрниште; ќе разгорат на нив, и ќе ги запалат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.
19Другородци ќе ја наследат гората Исавова, и рамнината Филистејска; ќе го наследат и полето Ефремово и полето Самариско, а Венијаминовото ќе го наследи Галад.
20Заробената, пак, војска на синовите Израилеви ќе го наследи Ханан до Сарепта, а робовите од Ерусалим ќе ги наследат јужните градови во Сефард.
21И победниците ќе се качат на гората Сион за да ѝ судат на гората Исавова, и тогаш ќе биде царството Господово.

Селектирано:

Авдиј 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност