Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 2

2
Од Сион доаѓа спасението и мирот на сите народи.
1Слово, откриено во видението на Амосовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим.
2И ете, во последните дни гората на домот Господов ќе биде поставена на врвот од планините и ќе се возвиси над ридовите, ќе појдат кон неа сите народи.
3Ќе тргнат многу народи и ќе речат: »Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.«
4И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои – во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна.
5О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина.
6Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маѓесници си имаат како Филистејците, и општат со синови на туѓинци.
7Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат.
8Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработката од своите раце, на она што нивните прсти го направиле.
9Се поклонува ли човек, и се понижува ли маж – не простувај им.
10Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие.
11Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.
12Зашто иде денот на Господа Саваот против сѐ што е гордо и надуено и против сѐ што е превознесено, – и тоа ќе биде понизено, –
13против сите кедри ливански, високи и величествени, и против сите дабови васански,
14против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат,
15против секоја висока кула и против секоја цврста ѕидина,
16против сите тарсиски кораби и против сите нивни украси.
17И ќе падне човечкото величие, она што е високо кај луѓето ќе се понизи; само Господ ќе стои високо во тој ден,
18а идолите сосема ќе исчезнат.
19И ќе влезат луѓето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ќе се крене Он да ја разруши земјата.
20Во тој ден човекот ќе ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се клања,
21за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Он да ја разруши земјата.
22Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто – што знае тој?

Селектирано:

Исаија 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност