Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 14

14
Израилевото обраќање и напредок во иднината.
1Опустошена ќе биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните младенци на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.
2Обрни се, Израиле, кон Господа твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.
3Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господа и речете Му: »Прости ни ги сите беззаконија наши и прими нѐ добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.«
4Асур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: »О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.«
5Ќе го излекувам одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.
6Јас ќе бидам роса за Израилот; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан.
7Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.
8Ќе се вратат оние, кои седеа под неговата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното ливанско.
9Зошто ми се идолите уште – ќе рече Ефрем. И Јас ќе го чујам и милостивно ќе погледнам на него; ќе бидам како зелен кипарис: од Мене ќе ти бидат плодовите.
10Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Оти патиштата Господови се прави, и праведниците ќе одат по нив, а беззакониците ќе паѓаат на нив.

Селектирано:

Осија 14: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност