Осија 11
11
Божјо сожалување.
1Во рани зори ќе загине царот Израилев. Кога Израилот беше млад, Јас го сакав и од Египет го повикав синот Свој.
2Ги повикуваа, но тие ги одбиваа, принесуваа жртви на Вааловци и им кадеа на идолите.
3Јас Самиот го учев Ефрема да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфаќаа дека со тоа ги лекував.
4Ги влечев со човечки врски, со врски на љубов, и Јас бев за нив како оној, што ја вади уздата од устата нивна, и кротко им подавав храна.
5Тој нема да се врати во Египет; Асур – ќе му биде цар, зашто тие не посакаа да се врати при Мене.
6И меч ќе падне врз нивниот град, ќе ги уништи неговите заштитници, и ќе ги проголта нивните намери.
7Народот Мој е упорен во отпаѓањето од Мене, макар и да беше навикнуван кон возвишено издигнување, тој сепак не се издигнува еднодушно.
8Како да постапам со тебе, Ефреме? Како да те предадам, Израиле? Ќе постапам со тебе како со Адама? Ќе ти направам како што му направив на Севоим? Се возбуди срцето Мое во Мене, затрепери утробата Моја од жалост.
9Нема да постапам според јароста на гневот Свој, и нема да го истребам Ефрема, оти Јас сум Бог, а не човек; кај тебе е Светиот; Јас нема да влезам во градот.
10По Господа тие ќе одат. Како лав ќе го издигне Он гласот Свој, ќе го пушти гласот Свој – и ќе побрзаат кон Него синовите од запад,
11ќе полетаат од Египет како птици, и од Асирија – како гулаби, и ќе ги населам во домовите нивни, вели Господ.
12Ефрем Ме опкружил со лага, а домот Израилев со лукавство; но Јуда сѐ уште се држеше за Бога, и верен беше со светиите.
Селектирано:
Осија 11: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016