Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Осија 10

10
Без правичност нема спасение.
1Израилот е разгранета лоза; колку повеќе таа има плод, толку повеќе се умножуваат жртвениците; колку му е подобра земјата, толку повеќе се украсуваат идолите.
2Разделено е срцето нивно, и затоа ќе бидат казнети: Он ќе ги разруши нивните жртвеници, ќе ги здроби идолите нивни.
3Сега тие велат: »Немаме цар, зашто не се уплашивме од Господа, а царот – што ќе ни прави тој?«
4Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; затоа над нив ќе има суд, како трева отровна по браздите на нивните ниви.
5За телето во Бет-Авен ќе затреперат жителите на Самарија; ќе заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ќе плачат за славата негова, оти неа ќе ја снема од него.
6И тој самиот ќе биде врзан и одведен во Асирија како дар на царот Јарим; посрамен ќе биде Ефрем, и ќе се засрами Израилот поради својот заговор.
7Ќе го отфрли Самарија својот цар, како пена над вода.
8И ќе бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ќе обраснат жртвениците негови, па ќе им речат на планините – покријте нѐ, а на ридовите, паднете врз нас!
9Повеќе згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; таму тие опстојаа, војната во Гаваон против синовите на беззаконието не ги постигна.
10По своја желба ќе ги казнам; ќе се соберат против нив народите, и тие ќе бидат заробени поради двојниот нивни престап.
11Ефрем е обучена јуничка, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ќе ѝ ставам ам; па Ефрем ќе влече, Јуда ќе ора, а Јаков ќе брани.
12Сејте правда – па да пожнеете милост; разорувајте ја рамнината, оти време е да Го побарате Господа, и така Он, штом ќе дојде, да ве одржи во правда.
13Одгледавте беззаконие – ожнеевте нечестие, јадевте плод на лагата, оти ти се надеваше на својот пат, на многуте војници.
14И ќе се појави смут во твојот народ, и сите твои тврдини ќе бидат разрушени, како што Салман го разруши Бет-Арбел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата.
15Ете, така ќе направам, доме Израилев, поради неправдата ваша.

Селектирано:

Осија 10: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се