Дела 12
12
Смртта на Јакова. Петровото ослободување. Смртта на Ирода.
1Во тоа време цар Ирод кладе рака на некои од Црквата, за да им направи зло,
2и со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3А кога виде, дека тоа им се свиде на Јудејците, го фати и Петра, а тогаш беа дните на Бесквасници.
4И, како го задржа, го фрли в затвор и го предаде на четири четворки војници да го пазат, а со мисла веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5И така, Петар беше пазен во затворот, а Црквата постојано Му се молеше на Бога за него.
6А кога Ирод сакаше да го изведе, ноќта спроти тој ден, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во две вериги, а стражарите пред портата пазеа на затворот.
7И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: »Стани брзо!« И веригите му паднаа од рацете негови.
8Тогаш ангелот му рече: »Опаши се и обуј си ги чевлите!« Така и направи. И пак му рече: »Облечи ги алиштата свои и врви по мене!«
9И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го прави ангелот, е вистина, туку си мислеше оти привид гледа.
10Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама; тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.
11Тогаш Петар, откако дојде на себеси, си рече: »Сега разбрав навистина дека Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.«
12Откако се размисли, тој се упати кон куќата на Марија, мајката на Јована, наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.
13А кога Петар чукна на портата, пристапи да наслушнува слугинката по име Рода.
14И, откако го позна гласот на Петра, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрчна и јави дека Петар стои пред портата.
15А тие ѝ рекоа: »Луда ли си ти?« Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: »Тоа е неговиот ангел.«
16Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.
17А тој им мавна со раката да молчат, потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: »Соопштете му за ова на Јакова и на браќата!« И, откако излезе, отиде на друго место.
18Утредента меѓу војниците стана голем смут за тоа што станало со Петра.
19А кога Ирод го побара и не го најде, ги распраша стражарите, и заповеда да ги казнат. Потоа тој слезе од Јудеја во Ќесарија, и таму живееше.
20Ирод беше гневен на Тирците и Сидонците. Но тие се договорија и дојдоа при него еднодушни, и, откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир, оти нивните земји добиваа храна од неговото царство.
21Во определениот ден Ирод се облече во царска облека и, како седна на престолот, им зборуваше.
22А народот викаше: »Ова е глас Божји, а не човечки.«
23Но наеднаш го порази ангел Господов, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од црви, тој умре.
24А словото Божјо растеше и се распространуваше.
25Варнава и Савле, откако ја предадоа помошта, се вратија од Ерусалим во Антиохија, а го зедоа со себе и Јована, наречен Марко.
Селектирано:
Дела 12: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: