Дела 11
11
Петар го оправдува своето дружење со незнабошците. Ширење на Евангелието до Антиохија. Називот – христијани. Грижа за браќата во Јудеја.
1Апостолите и браќата, кои беа во Јудеја, чуја дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
2И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните, што беа со него го укорија,
3велејќи: »Ти си бил при необрезаните луѓе и си јал со нив.«
4А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:
5»Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, се занесов и ете видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и пријде дури до мене.
6Откако погледав во него и го разгледав, видов четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи, и птици небески.
7И чув глас што ми зборуваше: ‚Стани, Петре, заколи и јади!‘
8Јас пак реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘
9А гласот од небесата повторно проговори и рече: ‚Она, што Бог го очистил, ти не го погани!‘
10Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.
11И ете, во тој час, пред куќата, во која живеев јас, застанаа три човека, испратени при мене од Ќесарија.
12А Духот ми рече да појдам со нив, не двоумејќи се. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.
13Тој ни кажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Симона, наречен Петар.
14Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.‘
15И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот.
16Тогаш се сетив на зборовите Господови, како што зборуваше: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘
17Кога, пак, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господа Исуса Христа, тогаш кој сум јас да Му се воспротивам на Бога.«
18Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: »Значи, и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.«
19А оние, што се беа распрснале поради гонењето заради убиството на Стефана, стигнаа дури до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи го словото никому освен на Јудејците.
20А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса.
21И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа.
22И дојде слух за нив до ушите на црквата ерусалимска; и го испратија Варнава да отиде во Антиохија.
23А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и со искрено срце ги молеше да пребиваат во Господа;
24оти тој беше човек добар и исполнет со Дух Свети и вера. И многу народ се присоедини кон Господа.
25Тогаш, пак, Варнава отиде во Тарс да го бара Савла; и откако го најде, го доведе во Антиохија.
26И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани.
27А во тие дни слегнаа од Ерусалим во Антиохија и пророци.
28И еден од нив, по име Агав, пророче преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад; а таков и настана во времето на ќесарот Клаудиј.
29Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, што живееја во Јудеја;
30и тоа го направија, откако го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савла.
Селектирано:
Дела 11: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: