Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 14:1-5

Захарија 14:1-5 MK2006

Ете, доаѓа денот Господов кога ќе го разделат ограбеното од те­бе среде тебе. Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разграбени; жените ќе бидат обесчестени, половината од гра­дот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот. Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина – кон југ. И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во де­новите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него.