Захарија 14:1-5
Захарија 14:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ете, доаѓа денот Господов кога ќе го разделат ограбеното од тебе среде тебе. Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разграбени; жените ќе бидат обесчестени, половината од градот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот. Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина – кон југ. И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него.
Захарија 14:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ете, доаѓа Господовиот ден кога ќе биде поделен пленот сред тебе. И ќе ги соберам сите народи во Ерусалим во борба. И ќе го заземат градот, и ќе ги ограбат куќите и ќе ги изнасилат жените. Половина од градот ќе отиде на заточение, но остатокот нема да биде истребен од градот. Тогаш Господ ќе излезе и ќе се бори против тие народи како што Тој знае да војува во воен ден. Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на Маслиновата Гора што е спроти Ерусалим, на исток. И ќе се распука Маслиновата Гора по средина, меѓу исток и запад, во голема долина: едната половина ќе се измести кон север, другата кон југ. И ќе побегнете во долината на Мојата Гора, зашто Долината на Гората ќе се простира до Асал и вие ќе избегате како што бегаа од земјотресот во деновите на Озиј, јудејскиот цар. Тогаш ќе дојдат Господ, Мојот Бог, и сите свети со Него.