Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина! Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите. Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите нејзини се слатки за грлото мое. Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов. Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов. Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува. Возљубениот: Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Прочитај Песна над песните 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Песна над песните 2:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа