Таа одговори: „Можеби ќе најдам милост пред очите твои, господаре мој! Ти ме утеши и ѝ зборуваше од срце на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја.“ И ѝ рече Вооз: „Кога ќе приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет.“ И таа седна покрај жетварите. Тој ѝ даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште ѝ остана. И стана да собира класје. Вооз им заповеда на слугите и рече: „Нека собира и меѓу снопјата, и не ја навредувајте; дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате.“ Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачмен. Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва ѝ виде, колку беше собрала таа. И ѝ го даде она, што ѝ беше останало, откако се беше најала. И ѝ рече свекрвата: „Каде береше денес и каде работеше? Да биде благословен оној што те примил!“ Рута ѝ кажа на свекрвата своја, кај кого работела, и рече: „Човекот, кај кого денес работев, се вика Вооз.“ И ѝ рече Ноемина на снаата своја: „Нека е благословен од Господ, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!“ И ѝ рече Ноемина: „Тој човек ни е близок; тој е наш роднина.“ Моавката Рута одговори: „Тој дури ми рече – остани кај моите слугинки, додека да ја завршат целата жетва.“ И ѝ рече Ноемина на снаата Рута: „Добро е, ќерко, тоа што си одела со неговите слугинки, и така барем нема да те задеваат на друга нива.“ Така се приклучи таа кон Воозовите слугинки и собираше класје додека заврши јачменовата жетва и пченичната жетва, и живееше со својата свекрва.
Прочитај Рута 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Рута 2:13-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа