Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 13:8-14

Римјаните 13:8-14 MK2006

И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној што го љуби ближниот, го исполнува Законот. Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не барај туѓо!“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Љуби го ближниот како самиот себеси!“ Љубовта не му прави зло на ближ­ниот; и така, љубовта е исполнување на Законот. И тоа правете го, знаејќи го ова време: веќе дојде часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме. Ноќта одминува, а денот се прибли­жи; да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината. Да живееме пристојно како дење – не во срамни гоштевки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во пре­пирка и завист; туку облечете се во Господ Исус Христос, и грижата за телото не прет­ворајте ја во страсти.