Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Римјаните 12:4-8

Римјаните 12:4-8 MK2006

Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не деј­ствуваат на еднаков начин, така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата; ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поу­чу­вање – нека поучува! Ако е пак за утешител – нека уте­шу­ва; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.