Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 12

12
Нов живот во Христос
1 # 6,11.13.19; 15,16; 1 Птр 2,5 Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги те­лата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба. 2#Ефес 4,23; 5,10.17; Фил 1,10; 1 Птр 1,14Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на ва­шиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено. 3#1 Кор 12,1-12; 2 Кор 10,13; Ефес 4,7; Фил 2,3Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му ка­жу­вам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил. 4Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не деј­ствуваат на еднаков начин, 5#1 Кор 10,17; Ефес 4,4.25; 5,30така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. 6#1 Кор 12,4-11; 1 Птр 4,10-11Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата; 7ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поу­чу­вање – нека поучува! 8#2 Кор 9,7; Тит 1,5.7Ако е пак за утешител – нека уте­шу­ва; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја. 9#Амос 5,15; 1 Тим 1,5; 1 Птр 1,22Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто. 10#Фил 2,3Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. 11Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ; 12#Дела 1,14; Кол 4,2; 1 Сол 5,17радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; 13#Евр 13,2-3помагајте им на светиите во нивни­те потреби; трудете се да бидете госто­прим­ливи; 14#Мт 5,38-48; Лк 6,28благословувајте ги оние што ве го­нат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. 15#1 Кор 12,26Радувајте се со оние што се радува­ат и плачете со оние што плачат! 16#15,5; Ис 5,21; Изреки 3,7; Фил 2,2Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри; 17#Изреки 3,4; 20,22; 2 Кор 8,21; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. 18#14,19; Мк 9,50; Евр 12,14Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. 19#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 32,35; Евр 10,30Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“ 20#Изреки 25,21-22; Мт 5,44И така, ако непријателот твој е гла­ден, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. 21Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Селектирано:

Римјаните 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност