Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 1:1-17

Римјаните 1:1-17 MK2006

Павле, слуга на Исус Христос, повикан за апостол, издвоен за Еван­гелието Божјо, кое Бог однапред го беше ветил пре­ку пророците, во Светите Писма, за Својот Син, по тело роден од се­мето Давидово, одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресението од мртвите, Исус Христос, наши­от Господ. Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на пос­лушност кон верата меѓу сите народи во Негово име, меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос. До сите вас во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос. Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет; Бог, Кому Му служам со својот дух, преку Евангелието на Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас секогаш кога во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам кај вас. Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да ста­не­те поцврсти, односно, взаемно да си помогнеме преку заедничката вера – вашата и мојата. Би сакал да знаете, браќа, дека мно­гупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ досега бев попречуван. Должник сум кон Елините и варва­рите, кон мудрите и кон неразумните. Затоа, што се однесува до мене, под­готвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието. Зашто јас не се срамам од Еван­ге­лието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин. Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“