Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 139:13-24

Псалми 139:13-24 MK2006

Зашто Ти си ја создал мојата внат­решност и ме оформи во мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае. Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата. Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене дури и деновите мои се забеле­жани кога уште не постоеше ниеден. Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни! Да ги пребројам – но тие се поброј­ни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе. Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци! Подмолни се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели. Зар не ги замразив оние, Господи, кои Тебе Те мразат, и зар не се гнасам од непријателите Твои? Со полна омраза ги замразив; ги сметам за непријатели. Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеки­те мои; и види дали сум на пат на беззако­нија, и упати ме на вечен пат.