Крај реките вавилонски – таму седевме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи. Зашто таму, оние што нѐ заробија и кои нѐ одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!“ Како да запееме Господова песна на туѓа земја? Ако те заборавам тебе, Ерусалиме, – нека ме заборави мојата десница, нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го поставам Ерусалим над секоја моја радост. Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: „Разрушете, разрушете го до темелите негови!“ Ќерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи! Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои.
Прочитај Псалми 137
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 137:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа