Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 137:1-9

Псалми 137:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Крај реките вавилонски – таму се­девме и плачевме, кога ќе се сетевме на Сион; на врбите, среде Вавилон, ги зака­чивме нашите харфи. Зашто таму, оние што нѐ заробија и кои нѐ одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!“ Како да запееме Господова песна на туѓа земја? Ако те заборавам тебе, Ерусалиме, – нека ме заборави мојата десница, нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го пос­тавам Ерусалим над секоја моја радост. Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: „Разрушете, разрушете го до темелите негови!“ Ќерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи! Блажен е оној што ќе ги заграби и ќе ги разбие од камен децата твои.

Псалми 137:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион; на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири. И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!“ Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја! Нека ми се осуши мојата десница, Ерусалиме, ако те заборавам тебе! Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост! Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!“ Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сѐ што ни си сторила. Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!