Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова, Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова; Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова; Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова; Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Негова; сонцето – да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова; месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.
Прочитај Псалми 136
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 136:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа