Псалми 136:1-9
Псалми 136:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова. Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова, Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова; Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова; Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова; Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Негова; сонцето – да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова; месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.
Псалми 136:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост! Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост! Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост! Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост! Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост! Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост! Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост! Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост! Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост!