Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 135:1-21

Псалми 135:1-21 MK2006

Алилуја! Фалете го името Госпо­дово, фалете го, слуги Господови, вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило; зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед. Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови: Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни; доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиш­тата нивни, Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови, порази многу народи и истреби сил­ни цареви: Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански; и му ја даде нивната земја во на­с­ледство на Својот народ Израел. Господи, името Твое е вечно; Гос­поди, споменот за Тебе е од род во род. Зашто Господ ќе го штити Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои. Идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на раце човечки; имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат; имаат уши, но не слушаат ниту, пак, во устата нивна има здив. Слични на нив ќе бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева. Доме Израелов, благословувај Го Господа! Доме Аронов, благословувај Го Господа! Доме Левиев, благословувај Го Гос­пода! И вие, кои се боите од Господ, благословувајте Го Господа! Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност