Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 135:1-12

Псалми 135:1-12 MK2006

Алилуја! Фалете го името Госпо­дово, фалете го, слуги Господови, вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог. Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило; зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед. Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови: Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни; доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиш­тата нивни, Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток, покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови, порази многу народи и истреби сил­ни цареви: Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански; и му ја даде нивната земја во на­с­ледство на Својот народ Израел.