Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 119:1-176

Псалми 119:1-176 MK2006

Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. Блажени се оние кои ги пазат све­доштвата Негови и од сѐ срце Го ба­раат, оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта. Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди. О, да се управат моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди! Тогаш нема да се засрамам, гле­дајќи ги сите Твои заповеди. Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни су­дови. Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема. Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! Со сето срце мое Те барам, не доз­волувај да застранам од Твоите заповеди. Ги сокрив во срцето свое запо­ведите Твои, за да не грешам пред Тебе. Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите повелби. Со устата своја ги разгласив сите уредби од устата Твоја. По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство. Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе ги управувам очите мои на патот Твој. Од повелбите Твои ќе се поучу­вам, нема да ги заборавам Твоите зборови. Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборо­ви. Отвори ги очите мои, и ќе ги раз­берам чудесата од Твојот закон. Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди. И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите уредби. Ти ги укоруваш горделивите; про­к­лети да се оние, кои се отклонуваат од Твоите заповеди. Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги пазев Твоите прописи. Кнезовите седат и ме клеветат, а Твојот слуга размислува за Твоите повелби. Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои – советници. Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој. Патиштата мои Ти ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите повелби. Вразуми ме да го разберам патот на Твоите повелби и јас ќе размислувам за Твоите чудеса. Душата моја засолзи од тага, за­цврсти ме со зборовите Твои. Отстрани го од мене патот на лагата и научи ме на законот Твој. Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови. Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај. Ќе брзам по патот на Твоите запо­веди, кога ќе го прошириш моето раз­бирање. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Поучи ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. Приклони го срцето мое кон Твои­те сведоштва, а не кон лакомства. Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе. Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите уредби се прекрасни. Ете, јас копнеам по Твоите правила: Оживеј ме според Својата праведност. И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасението од Тебе според зборовите Твои, – и јас ќе им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто верувам во збо­ровите Твои. Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите уредби. И ќе го чувам Твојот закон засекогаш и во векови. Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди. И ќе зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам; им се насладувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав; ќе ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ќе размислувам за Твоите наредби. Спомни си за словото Твое кон Тво­јот слуга, со кое си му дал надеж. Тоа ме утешува во неволјата моја, зашто Твоето слово ме оживува. Горделивите жестоко ме напа­ѓаат, но јас не се отстранив од Твоите закони. Кога си спомнувам за Твоите уредби од старина, Господи, се утешувам. Лутина ме обзема од нечестивите што го напуштаат Твојот закон. Повелбите Твои ми беа песна кога патував во некое место. Ноќе го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој. Тој стана мој, зашто ги пазам Твои­те правила. Дел мој си Ти, Господи, – си реков – ќе го пазам законот Твој. Му се помолив на лицето Твое од сѐ срце: помилуј ме, според словото Твое. Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите уредби. Брзам и не се колебам да ги запазам Твоите заповеди. Замки од нечестиви ме опкру­жија, но јас не го заборавив Твојот закон. На полноќ станувам да Те вели­чам поради Твоите праведни уредби. Јас сум меѓу оние што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоите правила. Со Твојата милост, Господи, Зем­јата е полна; научи ме на Твоите повелби. Добрини си му направил, Госпо­ди, на Твојот слуга според Твоето слово. Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам во Твоите заповеди. Пред моето страдање бев застра­нил, а сега го пазам Твојот збор. Ти си добар, Господи, и поради доб­рината Твоја научи ме на Твоите повелби. Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од сѐ срце ги пазам Тво­ите правила. Срцето им е бездушно како сало, но јас уживам со Твојот закон. Добро ми е што бев понижен, за да се научам на Твоите повелби. Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници златници и сребреници. Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ќе се научам на Твоите заповеди. Оние, кои се бојат од Тебе, кога ќе ме видат ќе се зарадуваат, затоа што се надевав во Твоите зборови. Знам, Господи дека Твоите судови се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни. Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга. Нека пријде на мене Твојата штед­рост, и јас ќе живеам, зашто законот Твој е утеха моја. Нека се посрамат горделивите, за­што неправедно и без вина ме обвинуваат; а јас ќе размислувам за Тво­ите правила. Нека ми се приклонат оние што се плашат од Тебе, за да ги научат Твоите уредби. Нека биде срцето мое непорочно во Твоите повелби, та да не се посрамам. Копнее душата моја за Твоето спа­сение; јас се надевам во Твоите зборови. Очите мои попуштија од желба за Твоето слово, велејќи: кога ќе ме утешиш? Зашто станав како мев во дим, но Твоите повелби не ги заборавив. Колку долго ќе чека Твојот слуга? Кога ќе извршиш суд над моите гони­тели? Горделивите ми ископаа јама; тие го кршат Твојот закон. Сите Твои заповеди се вистина. Не­праведно ме гонат: помогни ми! За малку ќе ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди. Според Твојата милост зачувај ми го животот, и јас ќе ги пазам сведош­твата од Твојата уста. Ти постоиш вечно, Господи; Твоето слово засекогаш е утврдено на небото; Твојата верност е од род во род. Ти си ја поставил Земјата, и таа стои. Според Твоја волја постојат денес; сѐ што постои, Тебе ти служи. Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ќе загинев во неволјата своја. Никогаш нема да ги заборавам Твоите правила, зашто преку нив ме оживуваш. Твој сум јас, спаси ме, зашто ги ба­рав Твоите правила. Нечестивите демнат за да ме убијат, но јас пазам на уредбите Твои. Го видов крајот на секое совршен­ство, но Твоите заповеди се безграни­ч­ни. Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него. Со Твојата заповед ме направи по­мудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. Станав поразумен од сите учи­тели мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука. Поумен станав од старите, зашто ги пазам Твоите заповеди. Ги задржувам нозете свои од се­каков лош пат, за да го пазам словото Твое. Од твоите уредби нема да се от­кажам, зашто Ти ме поучи. Колку се слатки за грлото мое збо­ровите Твои, послатки се од мед во устата моја. Преку твоите заповеди станав раз­умен; затоа го замразив секој лажен пат. Твоето слово е светилник на нозе­те мои и светлина за патеката моја. Се заколнав и реков дека ќе ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам. Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово. Прими ги моите благодарници, Господи, и научи ме на Твоите уредби. Животот ми е постојано во опасност, но Твојот закон не го заборавив. Нечестивите ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди. Твоите уредби ми се вечно наследство, тие се голема радост за срцето мое. Го натерав срцето свое да ги извршува повелбите Твои, секогаш и до крај. Оние со дволично срце ги замра­зив, но Твојот закон го сакам. Ти си ми заштита и штит: во Твое­то слово се надевам. Иставете се од мене злосторници, за да ги запазам заповедите на мојот Бог. Поддржи ме според Твоето сло­во, и јас ќе живеам; не посрамувај ме во надежта моја; помогни ми, и ќе се спасам: и Твои­те повелби постојано ќе ги пазам. Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите повелби, зашто нивните мисли се неправедни. Сите грешници земни ги сметаш за 'рѓа, затоа засекогаш ги засакав Твоите уредби. Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам. Го правев она што е право и пра­ведно; не предавај ме на моите угнетувачи. Заложи се за доброто на Својот слуга, та да не ме сотрат горделивите. Очите ми копнеат, очекувајќи го спасението од Тебе, и словото на Тво­јата правда. Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите по­велби. Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ќе ги познаам уредбите Твои. Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го осквернија. Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеќе. Затоа се управував според сите Твои заповеди и лажниот пат го замразив. Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги запазува. Објавувањето на Твоите зборови просветува и скромните ги вразумува. Со отворена уста копнеам, зашто жеден сум за Твоите заповеди. Погледај кон мене и помилуј ме, како што постапуваш со оние, кои го сакаат Твоето име. Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај со мене да овладее никакво беззаконие. Избави ме од човечко насилство за да ги пазам Твоите заповеди, озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твои­те заповеди. Од очите мои потоци солзи течат, зашто не го пазат Твојот закон. Праведен си Ти, Господи, и пра­ведни се Твоите пресуди. Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и целосна вистина. Ревноста моја ме јаде, зашто не­пријателите мои ги заборавија Твоите слова. Твоето слово е темелно испитано, и Твојот слуга го сака. Мал сум и презрен, но Твоите пра­вила не ги заборавив. Твојата праведност е вечна пра­ведност, и Твојот закон е вистина. Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моето уживање. Твоите уредби се праведни довека; вразуми ме, и ќе живеам. Те повикувам со сето срце мое, услиши ме, Господи, – и ќе ги пазам по­велбите Твои. Тебе Те повикувам: спаси ме, за да ги пазам Твоите уредби. Ја испреварувам зората и викам; на Твоето слово се надевам. Очите мои се отвораат пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова. Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојата правда, зачувај ме во живот. Се приближија оние што ме прогонуваат со зла намера; од законот Твој тие се оддалечија. Но Ти си близок, Господи, и сите Твои заповеди се вистина. Одамна знам за Твоите уредби, за­што си ги утврдил засекогаш. Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон. Пресуди според мојата правда и искупи ме; заради словото Твое оживеј ме. Далеку е спасението од нечести­вите, зашто тие не ги бараат Твоите повелби. Голема е Твојата милост, Госпо­ди, според Твојата правда оживи ме. Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите уредби јас не отстапив. Ги гледам неверниците и се гнасам, зашто словата Твои не ги пазат. Погледни како ги сакам запо­ведите Твои, запази ми го животот, Гос­поди, поради Твојата милост. Вистината е основа на Твоите слова; и секоја Твоја праведна одредба трае вечно. Кнезовите ме гонат без вина, но срцето мое се плаши само од Твоите зборови. Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо. Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го сакам. Седумпати на ден Те прославувам за Твоите праведни одредби. Голем е мирот кај оние, кои го са­каат Твојот закон, и за нив нема соблазна. Го чекам спасението од Тебе, Гос­поди, и Твоите заповеди ги извршувам. Душата моја ги пази Твоите уредби, и јас многу ги засакав. Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи. Нека допре до Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите збо­рови. Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово. Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ќе ме научиш на Твоите повелби. Јазикот мој нека ги разгласи Твои­те зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни. Нека ми биде Твојата рака на спа­сение, зашто Твоите заповеди ги избрав. Копнеам, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата наслада. Нека живее душата моја и нека Те слави; и Твоите уредби нека ми помогнат. Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 119:1-176

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност