Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 119:1-16

Псалми 119:1-16 MK2006

Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. Блажени се оние кои ги пазат све­доштвата Негови и од сѐ срце Го ба­раат, оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта. Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди. О, да се управат моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди! Тогаш нема да се засрамам, гле­дајќи ги сите Твои заповеди. Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни су­дови. Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема. Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! Со сето срце мое Те барам, не доз­волувај да застранам од Твоите заповеди. Ги сокрив во срцето свое запо­ведите Твои, за да не грешам пред Тебе. Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите повелби. Со устата своја ги разгласив сите уредби од устата Твоја. По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство. Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе ги управувам очите мои на патот Твој. Од повелбите Твои ќе се поучу­вам, нема да ги заборавам Твоите зборови.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 119:1-16

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност