Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:10-22

Псалми 107:10-22 MK2006

Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни; го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки! Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.