Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107:10-22

Псалми 107:10-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни; го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки! Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.

Псалми 107:10-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо, зашто ѝ се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сѐвишниот. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови! Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови. Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа. Секое јадење ѝ се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта. Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји. Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови! Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.