Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборовите Божји и се противеа на волјата на Севишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нивни; го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст. Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човечки! Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.
Прочитај Псалми 107
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 107:10-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа