Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103:13-22

Псалми 103:13-22 MK2006

како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав. Дните на човекот се како трева; ка­ко полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети. А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови. Господ го поставил Својот прес­тол на небото, и царството Негово владее над сѐ. Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов; благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова; благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Него­вото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!