Псалми 103:13-22
Псалми 103:13-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав. Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети. А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови. Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ. Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов; благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова; благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!
Псалми 103:13-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат. Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сѐ. Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!