Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 30:11-23

Изреки 30:11-23 MK2006

Има изроди, кои го колнат својот татко и не ја благословуваат својата мајка. Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои. Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови! Има изроди чии заби се како ме­чеви, а вилиците нивни се како ножеви, за да ги изедуваат сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето. Ненаситноста има две ќерки: „Дај, дај!“ Има три работи ненаситни и чети­ри што не велат: „Доволно е.“ Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: „Доста!“ Око, што му се потсмева на татко си и не сака да се покорува на мајка си, ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено! Три работи се недостижни за мене, и четири што не ги разбирам: патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, пате­ките на бродот среде море и патот на маж кон девица. Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата сво­ја, па вели: „ништо лошо не сум напра­вила.“ Од три работи се тресе земјата, и четири кои не може да ги поднесе: слуга, кога ќе стане цар; безумен, кога до наситување ќе се најаде со хра­на, развратна жена, кога ќе се омажи, и слугинка, кога го зазема местото на гос­подарката своја.