Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 3:21-35

Изреки 3:21-35 MK2006

Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот; тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување. Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш. Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе. Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. Не завидувај му на човек кој пос­тапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови, зашто на Господ Му е одвратен без­божникот, а близок е со праведникот. Проклетството Господово е врз до­мот на безбожниот, а живеали­штето на праведниот Бог го благо­словува. Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат. Мудрите ќе наследат слава, а без­умните – срам.