Крвожедните луѓе го мразат непорочниот, а праведните се грижат за неговиот живот. Глупавиот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува. Ако управителот слуша лажни зборови, тогаш и сите негови службеници стануваат нечесни. Сиромавиот и лихварот се среќаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите. Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ќе се зајакне засекогаш. Стапот и прекорот даваат мудрост; но момче, оставено без грижа, ја посрамува својата мајка. Кога се умножуваат безбожните, се умножува беззаконието; но праведните ќе го видат нивното паѓање. Казнувај го синот свој, и тој ќе ти даде мир и ќе ѝ донесе радост на душата твоја. Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, блажен е.
Прочитај Изреки 29
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 29:10-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа