Човек, кој, иако разобличуван, останува тврдоглав, неочекувано ќе биде скршен, и ќе нема за него лек. Кога праведниците се умножуваат, народот се весели, а кога безбожниот господари, народот офка. Човек, кој ја сака мудроста, го радува татко си; а кој се дружи со блудници, имотот го растура. Царот со правда ја зајакнува земјата своја, а кој љуби подароци, ја расипува. Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови. Гревот на лошиот човек е стапица за него, а праведникот ќе се весели и ќе се радува. Праведниот грижливо вникнува во маката на бедните, а безбожниот не се интересира за тоа. Развратните луѓе го бунтуваат градот, а мудрите го смируваат гневот. Умен човек, кога се суди со безумен човек, се лути ли, или се смее, – нема мир.
Прочитај Изреки 29
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 29:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа